Инвестициските фондови претставуваат институции за колективно инвестирање т.е професионално управувани форми на инвестирање, кои се основаат со цел здружување на парични средства од домашни и/или странски физички и/или правни лица, кои потоа се вложуваат на пазарот на капитал во најразлични хартии од вредност: акции, обврзници, записи и сл. Со собраните средства во фондот управува друштво за управување со инвестициски фондови. Имотот на инвестицискиот фонд е во сопственост на неговите членови пропорционално во однос на нивното учество во фондот и истиот е одвоен од друштвото за управување со инвестициски фондови.
На почетокот се појавиле првенствено во САД а се развиваат со засилено темпо во последните 30-тина години во многу развиени земји и земји во развој низ светот. На пазарот на капитал во Македонија функционираат, и тоа сé понагласено, повеќе странски и домашни инвестициони фондови.
Причината за тоа зошто во Македонија не е развиена идеата за инвестициски фондови јас ја лоцирам во недостатокот на критична маса на знаење за оваа не толку комплексна материја а исто така, нашиот пазар е релативно мал и не е премногу атрактивен со што би се придонело до негова популаризација и со тоа до негов развој.
Непостоењето односно недостатокот на фондовите на еден пазар претставува слаба страна на тој пазар, од повеќе аспекти. Најголемиот од нив е дека не постои механизам преку кој ќе се анимираат слободните приватни средства од малите инвеститори и тие ќе се инвестираат во определено портфолио на инвестиции. Кога нив ги нема, приватните инвеститори одат сами на пазарот на капитал и купуваат акции, без притоа да имаат направено добра анализа. Во таквото свое инвестирање можно е да направат грешка и да вложат средства во безвредно друштво. Да се следи пазарот компетентно чини пари, тоа не е бесплатно. За тоа треба да се создаде знаење и посветеност. Но таквото следење го намалува ризикот на ивестирањето. Не може секој поединец да инвестира толку многу во сопственото знаење за да може да биде разумно ослободен од ризикот на својата инвестиција. Инвестициските фондови, пак, имаат професионални управувачи, кои компетентно управуваат со портфолиото на инвестициите, односно со тоа во кои акции или во кој имот вложуваат. Тоа не значи дека и тие не можат да згрешат. Се разбира дека можат и историјата на финансиската индустрија е полна со такви примери, но сепак имаат воспоствено повеќе механизми за да управуваат поуспешно со ризикот од оние со кои располагаат просечните поединечни инвеститори.
Значи бенефитите се големи, и тоа главно за малите инвеститори.
Тоа им дава право на овие инвестициски фондови да тврдат дека формираат
фонд за да ги заштитат нивните права. Сепак, станува збор за приватен сектор, и колку приватниот сектор да е, или да сака да се прикаже како општествено одговорен, на крајот на денот тој мора да оствари профит од своето работење за да преживее на подолг рок. Затоа, веројатно тие согледале дека се создава доволна критична маса на тргување, на понуда и на побарувачка, а почнува да се создава и критична маса на знаење, што би го олеснило профитабилното работење на инвестициските фондови.
........Во Република Македонија работењето на Инвестициските фондови и Друштвата за управување со инвестициски фондови е регулирано со Законот за инвестициски фондови (Службен весник на РМ бр. 9/2000 и 29/2007).
Јас лично имам инвестирано во инвестициски фонд согледувајки ги горенаведените позитивни моменти и притоа имам од една страна една мала заштеда-капитал и од друга страна пораст на уделите во фондот што занчи дека имам и заработка на пари. Во секој случај инвестирањето во инвестициски фонд може да биде прифитабилно.
Доколку имате желба да инвестирате во фонд или имате потреба од консултација контактирајте ме.
koi fondovi postojat vo mk i koe se posigurni za investiranje?
ReplyDeleteZdravo.
ReplyDeleteOd ljubopitnost sakam da investiram i toa so mala suma od 200-300 evra vo nekoj investiciski fond.
Bi sakal da znam vo koj fond vo Makedonija e najdobro da investiram, dali kje moze da vnesuvam sredstva koga kje sakam, dali moze da si gi povlecam sredstvata vo bilo koe vreme.
I posledno prashanje koja bi bila mojata zarabotka za 1 godina ako vlozam 300 evra???
Pozdrav
Со овој програм континуирано добивате прилив на пари, дури и да немате големи предзнаења од Интернетот.
DeleteЗа повеќе информации посетете го следниов линк и регистрирајте се:
http://bit.ly/ZOWKVC
Би сакал првично да ви се заблагодарам за постата на мојот блог и ми е мило што покажувате интерес за оваа тематика. Јас лично имам тестирано повеке области и начини за тоа како да се заработат пари каде акцент ставам на заработка преку берза, фондови и на нет. Постојат повече фондови кои функционираат кај нас како што се илирика (кои се во последно време доста медиумски активни), мој фонд, и.т.н... меѓутоа мој фаворит е КД фонд во кој јас лично имам инвестирано и веќе имам заработка. Лугето од КД фонд ги запознав и можам да ви кажам дека се професионални и сериозни така да ако сте сериозни за инвестирање може да ви помогнам, ке направиме состанок, ќе треба да се потпише пристапница која е бесплатна и налог, потоа вие уплаќате преку уплатница на соодветна сметка и за крток период ке добиете известување за вашето купување на удели во фондот. Инаку да можете да инвестирате кога сакате и да ги повлечете парите за некој ден по поднесување на барање за повлекување на средствата и битен момент е дека се безбедни бидејќи фондот има резерва во банка. За 1 година пријател бидејки вредноста на фондот флуктуира но ако земам некој просек од 12% може да се заработи околу 2.200 денари но ако ги оставиш 3 години тогас ќе имаш заработка од 7.200 денари за 5 години 13.500 денари а може и повеќе... Во секој случај е паметен потег...
ReplyDeleteБлагодарам за информацијата Владимир.
ReplyDeleteВо секое време, и благодарам за посетата на мојот блог пари заработка.
ReplyDeleteПрашаењ, дали може да се инвестира, преку овие фондови во фирми кои не се во Р.М.
ReplyDeleteТака што би купил акции од некоја доста профитабилна фирма,.. да речеме Гоогле Тв.
Значи со тоа што ти Ангел ке купиш удели, ќе инвестираш во фондот ти по автоматизам стануваш делумен индиректен сопственик на акции на пример ако инвестираш во фонд кој инвестита во Кина, Индија, Бразил и Русија они купуваат акции и др. финансиски инструменти во тие држави со парите кои ги добиле од нас поситните инвеститори од нас. Така да на некој начин индиректно да. Диретно не можеш сеуште да купуваш бидејки таков е законот за девизно работење не дозволува но кај и да е ке се смени па ке можеме. Единствен начин како да инвестираш во фирми надвор од земјава е преку инвестициски фонд. Да можеше верувај пријател и јас ке инвестирав во светски фирми покрај нашиве домашни.
ReplyDeleteШто се однесува до оваа тема мора да спомнам дека разговарав со луѓе од една фирма која се занимава со регрутирање на инвеститори и имаат многу интересни инвеститорски пакети во кои од една страна ќе штедите а од друга ќе имате можност да заработите и тоа доста солидно ако имате желба. Контактирајте ме.
ReplyDelete