Заработка на пари преку:


- интернет маркетинг- блогови

- PPC (pay per click) сајтови

- инвестициски фондови

- инвестициски високоприходни програми

Tuesday, September 7, 2010

Што е тоа инвестициски фонд?

Инвестициските фондови претставуваат институции за колективно инвестирање т.е професионално управувани форми на инвестирање, кои се основаат со цел здружување на парични средства од домашни и/или странски физички и/или правни лица, кои потоа се вложуваат на пазарот на капитал во најразлични хартии од вредност: акции, обврзници, записи и сл. Со собраните средства во фондот управува друштво за управување со инвестициски фондови. Имотот на инвестицискиот фонд е во сопственост на неговите членови пропорционално во однос на нивното учество во фондот и истиот е одвоен од друштвото за управување со инвестициски фондови.

На почетокот се појавиле првенствено во САД а се развиваат со засилено темпо во последните 30-тина години во многу развиени земји и земји во развој низ светот. На пазарот на капитал во Македонија функционираат, и тоа сé понагласено, повеќе странски и домашни инвестициони фондови.

Причината за тоа зошто во Македонија не е развиена идеата за инвестициски фондови јас ја лоцирам во недостатокот на критична маса на знаење за оваа не толку комплексна материја а исто така, нашиот пазар е релативно мал и не е премногу атрактивен со што би се придонело до негова популаризација и со тоа до негов развој.

Непостоењето односно недостатокот на фондовите на еден пазар претставува слаба страна на тој пазар, од повеќе аспекти. Најголемиот од нив е дека не постои механизам преку кој ќе се анимираат слободните приватни средства од малите инвеститори и тие ќе се инвестираат во определено портфолио на инвестиции. Кога нив ги нема, приватните инвеститори одат сами на пазарот на капитал и купуваат акции, без притоа да имаат направено добра анализа. Во таквото свое инвестирање можно е да направат грешка и да вложат средства во безвредно друштво. Да се следи пазарот компетентно чини пари, тоа не е бесплатно. За тоа треба да се создаде знаење и посветеност. Но таквото следење го намалува ризикот на ивестирањето. Не може секој поединец да инвестира толку многу во сопственото знаење за да може да биде разумно ослободен од ризикот на својата инвестиција. Инвестициските фондови, пак, имаат професионални управувачи, кои компетентно управуваат со портфолиото на инвестициите, односно со тоа во кои акции или во кој имот вложуваат. Тоа не значи дека и тие не можат да згрешат. Се разбира дека можат и историјата на финансиската индустрија е полна со такви примери, но сепак имаат воспоствено повеќе механизми за да управуваат поуспешно со ризикот од оние со кои располагаат просечните поединечни инвеститори.

Значи бенефитите се големи, и тоа главно за малите инвеститори.
Тоа им дава право на овие инвестициски фондови да тврдат дека формираат
фонд за да ги заштитат нивните права. Сепак, станува збор за приватен сектор, и колку приватниот сектор да е, или да сака да се прикаже како општествено одговорен, на крајот на денот тој мора да оствари профит од своето работење за да преживее на подолг рок. Затоа, веројатно тие согледале дека се создава доволна критична маса на тргување, на понуда и на побарувачка, а почнува да се создава и критична маса на знаење, што би го олеснило профитабилното работење на инвестициските фондови.

........Во Република Македонија работењето на Инвестициските фондови и Друштвата за управување со инвестициски фондови е регулирано со Законот за инвестициски фондови (Службен весник на РМ бр. 9/2000 и 29/2007).

Јас лично имам инвестирано во инвестициски фонд согледувајки ги горенаведените позитивни моменти и притоа имам од една страна една мала заштеда-капитал и од друга страна пораст на уделите во фондот што занчи дека имам и заработка на пари. Во секој случај инвестирањето во инвестициски фонд може да биде прифитабилно.

Доколку имате желба да инвестирате во фонд или имате потреба од консултација контактирајте ме.

Wednesday, September 1, 2010

Google ќе има нов начин на пребарување

Google“ тестира пребарување со кое резултатите автоматски ќе се освежуваат додека корисникот ги отчукува клучните зборови.

Додека ги впишуваат клучните зборови на „Google“, со секоја нова буква во пребарувачкото мени се појавува нова сугестија за полесно пребарување. Со ова не се менуваат само сугестиите туку и сите резултати од пребарувањето.

Иако, на прв поглед ваквиот начин на пребарување може да изгледа на прв поглед чудно, интересно е да се види колку бргу „Google“ може да ги презентира резултатите за било која комбинација на букви која ќе ја впишете во пребарувачкото мени.