Заработка на пари преку:


- интернет маркетинг- блогови

- PPC (pay per click) сајтови

- инвестициски фондови

- инвестициски високоприходни програми

Sunday, July 11, 2010

Заработка преку блогови

Отварање на блог е ефтино и едноставно, постојат голем број бесплатни сервиси како што се blogspot.com, wordpress.com и други каде за 10 минути може да направите ваш блог, меѓутоа да заработувате со помош на блог е не толку едноставно но апсолутно можно доколку постојано учите, ги следите работите се посветите и ако внесете труд.
Кога станува збор за блоговите треба да направиме разлика помеѓу профитни и непрофитн блогови согласно целите на тие што ги отвориле истите. Голем број блогери користат некои од начините за заработка, но таа заработка на пари on-line е колку да си ги покријат интернет трошоците.

Може да се издвојат три основни начини за заработка со блог.

Прикажување на банер реклами

Како прв и најосновен начин на заработка на интернет е прикажување на банери од компании за нивни услуги и или производи кои за одредена сума на пари би се рекламирале на вашиот блог. Банерите се во различни големини и форми и можете да ги поставие каде вие сметате и многу битна работа е да не биде блогот претеран со банери бидејќи не би изгледал блогот фино,нели? а исто така тие треба да бидат и содржински складни, што би значело рекламите да бидат за иста тематика како и блогот.

Контекстуално рекламирање

Ефикасноста на овој тип на заработка е тесно поврзан со содржината на самиот блог. Контекстуалното рекламирање нуди опција сопственикот на блогот да вметне код на одредена позиција на блогот кој ќе прикажува реклами поврзани со содржината на самиот блог. Во овој дел како маркетинг сервиси би ги издвоил Google Adsense, Adbrite, Bidvertiser, Infolinks и други.

Индиректна заработка

Во овој тип на заработка искрено и немам многу искуство, се имам зачленето на PayPerPosт сајтот каде треба да пишувате текстови и за тоа заработувате пари. Поњнтата е тоа што има огласувачи кои сакаат да ја вметнат својата реклама во самите блог постови. На сајтот се понудени теми за кои може да се пишува и доколку тоа го направите под наведените услови може да заработите пари.

Се надеваме дека овој текст ќе ви биде корисен и не заборавајте !!!
Доколку ви се допаѓа ова споделете го и на други сајтови!!!

No comments:

Post a Comment