Заработка на пари преку:


- интернет маркетинг- блогови

- PPC (pay per click) сајтови

- инвестициски фондови

- инвестициски високоприходни програми

Monday, November 22, 2010

MyLot

MyLot е доста интересен сајт каде што имате повеке опции за заработка: можност да дознаете дополнителни податоци за најразлични интереси, да комуницирате со луге, да си правите дружби, да дебатирате како и да ставате слики и за сето тоа да заработувате а исто така има и referral програма да зачленувате луге на овој интересен сајт и за тоа добивате, се разбира по некој цант. Мора да напоменам дека на овој сајт во преден план е постирањето, комуникациите, дружбата а како пропратен момент е заработката.

1.За секоја започната дискусија од ваша страна т.е отварање на ваша тема по 0.01$,
2.Овој сајт ви плаќа за секој пост односно допишување со народ на сајтов по 0.01$,
3.Доколку добиете позитивна оценка од луѓето со кои сте разменувале идеи како најдобар одговор добивате 0.01$,
4.Се заработува и со ставањe на слики кога ќе ви бидат оценети од страна на регистрираните корисници а ги има во голем број со секоја позитивна оценка заработувате 0.01$,
5. Исто така можете да заработите и преку завршување на различни задачи кои се поставени на сајтот кои различно се плаќаат од 0.01$ па се до 5$ од завршена задача.

Значи има доста можнисти како да заработите и во суштина е едукативно и забавно и колку ќе заработите зависи од вас и од вашите пријатели кои сте ги повикале на сајтов, ако сте активни ќе има резултати, како и да е овој сајт е доста релаксирана варијанта.

Парите ги исплаќаат преку PAYPAL а минимална сума за исплата е 10$ месечно.
Дколку ви се допаѓа текстов споделете го и со други а за зачленување на овој сајт ве молам кликнете на следниов линк Mylot.com

Saturday, October 23, 2010

Доколку сакате да инвестирате пари во високоприходни програми(фондови) на интернет

Доколку имате пари на Alertpay кои сте ги заработиле преку давање на најразлични услуги и вршење на различни работи на интернет можете дополнитело да ги оплодите.
Би сакал и да ви презентирам уште една можнист како да заработите пари на интернет и тоа преку High-yield investment program`s - високоприходни инвестициски програми.

Поентата е во тоа што ако имате пари на Alertpay можете да ги префрлите во овие Hyip- High-yield investment program`s односно да ги уплиатите и да им ги отстапите на професионалци кои тргуваат со хартии од вредност, деривати и кои тргуваат со девизи (Forex) и за тоа добивте надокнада.
За да појаснам ке ви наведам пример:
Ако преку Alertpay (потенцирам за нив затоа што најлесно можете да префрлите пари преку нив) инвестирате во нив да речеме 10$ за период од 1 месец, по завршувањето на месецот го добивате депозитот од 10$ и Interest(USD)- камата од 2-7$ или Total return(USD)= 12-17$, или ако ставите 100$ Total return(USD)= 120-170$.
Имате можност и да ја регулирате Compounding rate- тоа е стапка т.е. % од каматата која ја добивате да ја реинвестирате со што и приходот на крај ке биде значително поголем, ако ја подесите на 100%, ако е на 0 тогаш целата камата ке ви оди на сметката како заработка.
Како и секогас јас решив да ја испробам и оваа варијанта и со ставени минимални 15$ ми вратија 22.7$, што значи исплаќаат.
Меѓуто сепак ке повторам дека овој тип на бизнис е со солидно голем степен на ризик!
Ако ви се допаѓа текстов споделете го и ако имате некое прашање исконтактирајте ме.

Tuesday, October 5, 2010

Заработка на пари преку PPC сајтови

Кога станува збор за PPC (pay per click) сајтови интересно е тоа што скоро сите кои ќе решат да истражуваат можности за заработка на пари на интернет заглавуваат првично со овој тип на сајтови. Која е поентата на овие сајтови? Значи, се регистрирате на сајтот- внесувате податоци за вас и податоци на вашата Paypal или Аlertpay (за отварање меѓународна сметка за да можете да направите трансфер на вашите пари кликнете на банерите кои се наоѓаат од десна страна на блогов ) меѓународна сметка, и потоа имате во зависност од сајтор по најчесто 4 реклами на ден за кои добивате по 0,01$ што би значело 0,04$. Вака гледано тоа е многу малку за да вложите труд и енергија меѓутоа имате можност да повикате referrals - соработници кои доколку се зачленат преку вас вие добивате за секој бонус и тоа секогаш кога соработникот ке ги кликне рекламите вие добивате пари и најчесто оди по 0,005 од нивен клик и тоа по 4 реклами добивате од еден referral по 0,02$ или можете исто да најмите referrals и тие да кликаат за вас така да ако имате да речеме 25 referals-соработници би добивале по 0,5+$ и тоа дневно со вашите 0,04 можете да стигнете и до 0,60$ дневно помножено со 30 дена по 18-20$.
Интересно е тоа што не ви треба многу енергија и време за да го правите ова, да речеме по 2 минути од сајт во текот на денот.
Доколку најдете повеке сајтови кои исплаќаат да речеме 3 PPC сајта за кликање тоа би значело 18-20$ X 3 сајтови = 54-60$ во месецот доколку се заангажирате малку.
Јас како и за се што имам предходно пишувано го испробав и ова и имам заработено 15,22$ за месец дена. Ако е некој заинтересиран ке ви оставам линкови од сигурни сајтови кои плаќаат.

Welcome . . . Ова се најчестите карактеристики за овие Bux сајтови...
We are an advertising system that connects advertisers to possible consumers.
As members, users begin to be paid to view advertisements provided by our sponsors, ensuring benefits to advertisers and you.
What you get as a member:
Earn up to $0.02 (2 cents) per click.
Earn up to $0.01 (1 cent) for every ad your referrals click.
Instant Payment / Receiving System.

Тие се следниве

clixsense


scarlet-clicks


wordlinx
WordLinx - Get Paid To Click matrixmails
MatrixMails - Get paid Ако дел од времето кое го користите за кликање на игри на facebook (games) го пренасочите во правец на заработка на интернет со сигурност ќе имате некаков бенефит. Заначи ако имате повеќе време на располагање и седите на интернет можете да се обидете со ова и да заработите по нешто ситно со малку време, труд и без инвестиција.
Доколку имате некое прашање во врска со ова слободно контактирајте ме.

Tuesday, September 7, 2010

Што е тоа инвестициски фонд?

Инвестициските фондови претставуваат институции за колективно инвестирање т.е професионално управувани форми на инвестирање, кои се основаат со цел здружување на парични средства од домашни и/или странски физички и/или правни лица, кои потоа се вложуваат на пазарот на капитал во најразлични хартии од вредност: акции, обврзници, записи и сл. Со собраните средства во фондот управува друштво за управување со инвестициски фондови. Имотот на инвестицискиот фонд е во сопственост на неговите членови пропорционално во однос на нивното учество во фондот и истиот е одвоен од друштвото за управување со инвестициски фондови.

На почетокот се појавиле првенствено во САД а се развиваат со засилено темпо во последните 30-тина години во многу развиени земји и земји во развој низ светот. На пазарот на капитал во Македонија функционираат, и тоа сé понагласено, повеќе странски и домашни инвестициони фондови.

Причината за тоа зошто во Македонија не е развиена идеата за инвестициски фондови јас ја лоцирам во недостатокот на критична маса на знаење за оваа не толку комплексна материја а исто така, нашиот пазар е релативно мал и не е премногу атрактивен со што би се придонело до негова популаризација и со тоа до негов развој.

Непостоењето односно недостатокот на фондовите на еден пазар претставува слаба страна на тој пазар, од повеќе аспекти. Најголемиот од нив е дека не постои механизам преку кој ќе се анимираат слободните приватни средства од малите инвеститори и тие ќе се инвестираат во определено портфолио на инвестиции. Кога нив ги нема, приватните инвеститори одат сами на пазарот на капитал и купуваат акции, без притоа да имаат направено добра анализа. Во таквото свое инвестирање можно е да направат грешка и да вложат средства во безвредно друштво. Да се следи пазарот компетентно чини пари, тоа не е бесплатно. За тоа треба да се создаде знаење и посветеност. Но таквото следење го намалува ризикот на ивестирањето. Не може секој поединец да инвестира толку многу во сопственото знаење за да може да биде разумно ослободен од ризикот на својата инвестиција. Инвестициските фондови, пак, имаат професионални управувачи, кои компетентно управуваат со портфолиото на инвестициите, односно со тоа во кои акции или во кој имот вложуваат. Тоа не значи дека и тие не можат да згрешат. Се разбира дека можат и историјата на финансиската индустрија е полна со такви примери, но сепак имаат воспоствено повеќе механизми за да управуваат поуспешно со ризикот од оние со кои располагаат просечните поединечни инвеститори.

Значи бенефитите се големи, и тоа главно за малите инвеститори.
Тоа им дава право на овие инвестициски фондови да тврдат дека формираат
фонд за да ги заштитат нивните права. Сепак, станува збор за приватен сектор, и колку приватниот сектор да е, или да сака да се прикаже како општествено одговорен, на крајот на денот тој мора да оствари профит од своето работење за да преживее на подолг рок. Затоа, веројатно тие согледале дека се создава доволна критична маса на тргување, на понуда и на побарувачка, а почнува да се создава и критична маса на знаење, што би го олеснило профитабилното работење на инвестициските фондови.

........Во Република Македонија работењето на Инвестициските фондови и Друштвата за управување со инвестициски фондови е регулирано со Законот за инвестициски фондови (Службен весник на РМ бр. 9/2000 и 29/2007).

Јас лично имам инвестирано во инвестициски фонд согледувајки ги горенаведените позитивни моменти и притоа имам од една страна една мала заштеда-капитал и од друга страна пораст на уделите во фондот што занчи дека имам и заработка на пари. Во секој случај инвестирањето во инвестициски фонд може да биде прифитабилно.

Доколку имате желба да инвестирате во фонд или имате потреба од консултација контактирајте ме.

Wednesday, September 1, 2010

Google ќе има нов начин на пребарување

Google“ тестира пребарување со кое резултатите автоматски ќе се освежуваат додека корисникот ги отчукува клучните зборови.

Додека ги впишуваат клучните зборови на „Google“, со секоја нова буква во пребарувачкото мени се појавува нова сугестија за полесно пребарување. Со ова не се менуваат само сугестиите туку и сите резултати од пребарувањето.

Иако, на прв поглед ваквиот начин на пребарување може да изгледа на прв поглед чудно, интересно е да се види колку бргу „Google“ може да ги презентира резултатите за било која комбинација на букви која ќе ја впишете во пребарувачкото мени.

Thursday, August 12, 2010

Една моја мисла...

ЖИВОТОТ Е ПРЕМНОГУ КРАТОК ЗА ДА ЗАРАБОТУВАМ МАЛКУ ПАРИ :)!